Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека е постигнат одреден напредок во комуникацијата со Иран преку трети земји, но дека процесот на преговори е сè уште во тек и дека кризата во Ормутскиот теснец би можела брзо да се реши ако Техеран престане да го загрозува глобалниот превоз.

„Постојат земји кои пренесуваат пораки и постигнат е одреден конкретен напредок“, рече Рубио, додавајќи дека тоа е „тековен и еволутивен процес“ за кој Вашингтон нема јавно да дискутира, според соопштението на американскиот Стејт департмент. На прашањето за можноста за директни преговори со Иран, Рубио рече дека е прерано да се даваат такви проценки.

„Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, не сакам да го прејудицирам исходот“, рече тој.

Зборувајќи за ситуацијата во Ормутскиот теснец, Рубио нагласи дека морскиот премин би можел брзо целосно да се отвори ако Иран престане да го загрозува меѓународниот превоз.

„Теснецот би можел да се отвори утре ако Иран престане да го загрозува глобалниот превоз, што е кршење на меѓународното право“, рече Рубио. Тој додаде дека стабилноста на оваа поморска рута не е само во интерес на Соединетите Американски Држави, туку и на целата меѓународна заедница, со оглед на важноста на преминот за снабдување со енергија.

Според него, неодамна е забележано делумно закрепнување на енергетските текови низ Ормуз, но сепак под очекуваното ниво. Рубио нагласи дека се очекува поголем ангажман од партнерите во решавањето на кризата, оценувајќи дека земјите што зависат од оваа рута имаат директен интерес да придонесат за нејзината безбедност.

Би можело да ве интересира

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите