Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за назначување на поранешниот американски претставник за Западен Балкан, Ричард Гренел, за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт, јавува Ројтерс, повикувајќи се на четири неименувани извори.

Гренел, кој беше и американски амбасадор во Германија, ќе одигра клучна улога во напорите на Трамп да стави крај на војната, доколку тој на крајот биде избран на функцијата.

Иако во моментов нема специјален претставник на САД посветен исклучиво на решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, изворите посочуваат дека Трамп ја разгледува можноста за воспоставување на таа позиција.

Истите извори, сепак, забележуваат дека не е сигурно дека Гренел би ја прифатил понудата.

Трамп за време на предизборната кампања вети дека брзо ќе стави крај на руско-украинската војна, иако не прецизираше како ќе го постигне тоа.

Некои од ставовите на Гренел би можеле да предизвикаат загриженост кај украинските лидери, наведува Ројтерс.

За време на тркалезната маса на Блумберг во јули, тој предложи создавање „автономни зони“ како решение за конфликтот. Тој, исто така, го сигнализираше своето противење Украина да влезе во НАТО во блиска иднина, позиција што ја дели со многу сојузници на Трамп.

Гренел не одговори на барањето за коментар за наводите.

За време на предизборната кампања на Трамп, тој беше еден од водечките кандидати за секретар за внатрешна безбедност, но на крајот за оваа функција беше избран сенаторот од Флорида Марк Рубио.

Би можело да ве интересира

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори