Трамп против мисија на Месечината, го интересира само Марс

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше вселенската агенција НАСА за намерата повторно да испрати астронаути на Месечината во 2024 година, наместо, како што тој вели, да се фокусира на „многу поголемата“ иницијатива, како што е заминувањето на Марс.

„За сите пари што ги трошиме, НАСА не треба да зборува за одење на Месечината, тоа го направивме пред 50 години”, напиша Трамп на Твитер. Наместо тоа, како што рече, НАСА треба да се фокусира на „многу поголемите работи што ги правиме, вклучувајќи го и Марс (од кој Месечината е дел), одбраната и науката”.

НАСА планира да изгради една вселенска позиција во лунарната орбита од каде ќе биде можно да се испратат астронаути на површината на Месечината до 2024 година, што е дел од пошироката иницијатива за Месечината да се употреби како појдовна точка за можни мисии на Марс.

Администраторот на НАСА, Џим Брајденстин оцени дека Трамп само го потврди планот на агенцијата за вселената.

„Како што рече претседателот, НАСА ја користи Месечината за да ги испрати луѓето на Марс”, пишува тој во одговорот на Трамп на Твитер.

НАСА вчера соопшти дека ќе испрати тим на Месечината до 2024 година и дека до 2028 година ќе развијат одржливо човечко присуство на Месечината.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски