Трамп повторно се закани со царини за Европската унија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производи од Европската унија, обвинувајќи го блокот за нефер трговски практики. Говорејќи во Белата куќа вчера, Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоки од ЕУ. Трамп рече дека САД се третирани „ужасно“, тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот извоз.

„Не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат земјоделските производи, во основа, не земаат речиси ништо“, рече тој.

Трамп укажа на големиот трговски дефицит меѓу САД и ЕУ, ветувајќи дека ќе преземе „значајни“ мерки против блокот, иако не даде дополнителни детали. За време на неговата изборна кампања, Трамп ги спомна плановите за воведување нови царини од 10 до 20 отсто на увозот од ЕУ, велејќи дека тоа ќе ја поттикне домашната индустрија и ќе го реши трговскиот дефицит.

За време на првиот мандат на Трамп, имаше жесток трговски конфликт меѓу САД и ЕУ. Во 2018 година, Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум, што ја поттикна ЕУ да одговори со царини за американски производи како што се бурбон, мотоцикли Харли-Дејвидсон и фармерки.

Би можело да ве интересира

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Сето ова е огромна измама

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Трамп се соочува со тешка одлука

Трамп: Ќе биде тешко да се постигне договор за ограничување на нуклеарното вооружување