Трамп повторно и се заканува на Германија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги зголемува тензиите со својот главен европски партнер откако вчера во Брисел се заканил дека ќе го блокира извозот на германски автомобили во САД, пишуваат германските медиуми.

Весникот „Шпигел“ цитира неименувани дипломатски извори кои тврдат дека вчера на средбата со европските лидери Трамп остро ја нападнал Германија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

– Германците се лоши, многу лоши. Видете ги милионите автомобили кои што ги продаваат во САД. Тоа е ужасно, според германските магазин изјавил Трамп во врска со трговскиот суфицит на Германија.

Трамп изјавата ја дал откако претседателот на Европската Унија Жан Клод Јункер и шефот на Европскиот совет Доналд Туск искажале силна поддршка за Германија во однос на ова прашање.

По преземањето на функцијата претседател на САД Трамп најави дека ќе воведе 35 отсто царина за сите автомобили што Германија ќе ги извезува во Америка, дури и за тие произведени во Мексико, држава со која Вашингтон има договор за слободна трговија.

Германија е третиот најголем извозник на стоки во светот со вкупен трговски суфицит од 282 милијарди евра за 2016 година.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија