Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер и даде поддршка на Франција, каде денеска во терористички напад беа убиени три лица.
Трамп на својот профил на Твитер напиша дека „срцата на Американците се со Франција“.
Our hearts are with the people of France. America stands with our oldest Ally in this fight. These Radical Islamic terrorist attacks must stop immediately. No country, France or otherwise can long put up with it!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 29, 2020
– Сочувствуваме со вас. Америка секогаш ќе биде со нашите најстари сојузници во оваа борба. Радикалните исламистички терористички напади мора веднаш да престанат. Ниту една земја во светот, Франција или која било друга, не може тоа долго да го толерира, напиша Трамп.