Трамп: Однапред знаевме за израелскиот напад врз Иран, но не учествувавме во него

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но нагласи дека американската војска не била вклучена во операцијата.

Трамп рече дека САД сè уште сакаат да се вратат на преговарачката маса со Иран за да ја ограничат неговата нуклеарна програма.

„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговорите. Ќе видиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека неколку ирански лидери биле убиени во нападот и коментираше дека „некои од раководството нема да ги видиме повторно“. Тој исто така рече дека неговата администрација контактирала со клучен сојузник на Блискиот Исток непосредно пред нападот, но не откри која земја.

Би можело да ве интересира

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

(ВИДЕО) Нападнат е финансискиот центар во Ријад