Трамп: Никој не може да зборува во името на САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој не е овластен во име на САД да разговара со Иран и истовремено го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека испраќа „помешани сигнали“ до Техеран по повод можни разговори.

– Знам дека Емануел мисли добро, како и сите други, но никој не зборува во име на САД освен САД, порача Трамп на „Твитер“.

Американските медиуми посочуваат дека не е сосема јасно на која изјава на Макрон се однесува реакцијата на Трамп, но според одредени медиумски извештаи од неделава, Макрон го повикал иранскиот претседател Хасан Рохани на Самитот на Г7 овој месец за да се сретне со Трамп. Француски дипломат завчера ги демантираше таквите тврдења.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас