Трамп: Немам ништо со евентуалната истрага против синот на Бајден

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска порача дека нема ништо со потенцијалното судско гонење на Хантер Бајден, син на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Трамп напиша на Твитер дека не е вмешан во каква било криминална истрага која се однесува за семејството на Бајден.

Неговиот твит е објавен веднаш откако вршителот на должност државен обвинител Џефри Роузен одби да каже дали ќе активира специјален совет, кој би можел да ги истражува бизнисите на Хантер Бајден во странство.

– Трамп размислувал дали да му изврши притисок на Министерството за правда да формира специјален совет за Хантер Бајден, изјавил анонимен извор за американските медиуми, кој е добро запознат со целата приказна.

Хантер Бајден на 9 декември ги отфрли тврдењата дека неговите бизниси се под истрага на јавниот обвинител на државата Делавер.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ