Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека наскоро би можел да го прогласи Ормутскиот Теснец за „територија на Соединетите Американски Држави“, тврдејќи дека САД имаат целосна воена контрола врз овој стратешки важен поморски премин за време на војната со Иран.

„Откако ќе завршиме со Иран, кој е многу тешко поразен, многу брзо можеби ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, изјави Трамп во обраќање во Центарот за обука и разузнавачки операции „Дејвид С. Мек“ во американската сојузна држава Њујорк.

Американскиот претседател изјави дека ја користел војската „малку повеќе отколку што сакаше“, но оцени дека притисокот врз Техеран е неопходен за да се спречи иранскиот режим да дојде до нуклеарно оружје.

„Не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, изјави Трамп.

Трамп во интервју за „Фокс њуз“ претходно истиот ден изјави дека САД цврсто го контролираат Ормутскиот Теснец, пофалувајќи го она што го опиша како блокада со „челичен ѕид“ и предупредувајќи го Иран да не изведува нови напади.

„Целосно го контролираме, ние го поседуваме, во вистинска смисла на зборот, го поседуваме Ормутскиот Теснец“, изјави Трамп.

Трамп истакна дека блокадата го чини Техеран „стотици милиони долари секој ден“ и оцени дека широките американски санкции исто така вршат притисок врз иранскиот режим.

Би можело да ве интересира

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ