Трамп: Кубанската влада е подготвена да падне

Од:

Американскиот претседател изјави дека САД почнуваат да разговараат со кубанските лидери, бидејќи неговата администрација го зголемува притисокот врз земјата, управувана од комунисти и ги прекинува клучните испораки на нафта.

Трамп презеде низа чекори во последните недели за да ги прекине испораките на нафта за Куба од Венецуела и Мексико, тврдејќи дека тоа е начин да ја принуди Куба на преговарачка маса.

Трамп им рече на новинарите дека „кубанската влада е подготвена да падне“.

Трамп посвети поголемо внимание на Куба откако неговата војска и полиција го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро на почетокот на јануари и откако стана поагресивен во конфронтацијата со земјите што се спротивставуваат на САД.

Републиканскиот претседател не даде детали, велејќи само: „Почнуваме да разговараме со Куба“.

Неговите неодамнешни потези за прекин на испораките на нафта извршија притисок врз владата на островската земја.

Минатата недела, Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат царини за секоја стока од земји што продаваат или снабдуваат нафта со Куба.

Тоа беше притисок врз Мексико, од кој Куба стана зависна за нафта откако Трамп ги прекина испораките на нафта од Венецуела по соборувањето на Мадуро.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум предупреди дека ова може да предизвика хуманитарна криза во Куба и во петокот изјави дека ќе бара алтернативи за да продолжи да ѝ помага на земјата.

Трамп рече дека „не мора да има хуманитарна криза. Мислам дека (Кубанците) веројатно ќе дојдат кај нас и ќе сакаат да склучат договор. Така Куба повторно ќе биде слободна“.

Тој предложи да склучи некаков договор со Куба, додавајќи: „Мислам, знаете, ќе бидеме љубезни“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик