Трамп: Ќе победиме во борбата со демократите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека ќе побeди во борбата со конгресмените кои му почнаа процедура за пишување формално обвинение против него.

„Добрата вест е што републиканците никогаше не биле толку обединети“ наведе Трамп на Твитер и додаде „Ќе победиме!“.
Процедурата за смена на Трамп е во поодмината фаза во Претставничкиот дом на Конгресот, каде мнознството го сочинуваат демократите, кои за тоа ќе можат да се изјаснат пред крајот на годината. Потоа постапката се префрла во Сенатот на Конгресот каде, пак, мнозинството го имаат републиканците.

Ненси Пелоси, претседавач со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, денеска побара да се почне со пишување на обвинението против американскиот претседател заради „злоупотреба на положбата“, бидејќи тој „повторно се обидува да ги компромитира изборите во своја корист“.

-Од претседателот на Одборот за правосудство, Џери Надлер, барам да го подготви текстот на обвинението против Трамп, додаде Пелоси.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени