Трамп: Ќе ги намалиме цените на лековите за 1.500 отсто

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира драстично да ги намали трошоците за лекови за Американците. На прием со членови на Конгресот, Трамп зборуваше за намалување на цените на лековите.

„Ќе ги намалиме цените на лековите за 1.500 проценти. Не за 30, 40 или 50 проценти, туку за бројки што не можете ни да ги замислите“, рече тој.

Неговите изјави предизвикаа потсмев на социјалните мрежи. Многумина го прашаа Грок, вештачки чет-бот од платформата X, што мисли за тврдењата на Трамп. Грок ги опиша како „математички невозможни“, „претерани“ и во еден одговор „тотална бесмислица“.

„Ако ја намалите цената на производот за 1.000 проценти, ќе им плаќате на луѓето да го купат вашиот производ. Пример: попуст од 1.000 проценти на производ што чини 1 долар значи дека купувачот добива 9 долари. Генерално, не е многу добра стратегија за продажба“, напиша еден корисник на X.

Трамп тврди дека извршната наредба што ја потпиша во мај би можела да доведе до пониски цени на лековите бидејќи го повикува правилото „најповластена нација“, што би значело дека фармацевтските компании не смеат да им наплаќаат на Американците повеќе отколку на граѓаните на други земји. Правилото беше финализирано кон крајот на 2020 година, но беше блокирано од федералните судови, а тогашниот претседател Џо Бајден го укина во 2021 година.

Но, преговорите меѓу администрацијата на Трамп и фармацевтските компании сè уште се во тек, а еден извршен директор изјави за „Био Фарма Дајв“ дека тие сè уште не се завршени. Трамп вети дека ќе се справи со високите цени на лековите за време на неговиот прв мандат, по пандемијата на КОВИД-19, но не успеа да постигне конкретни намалувања. Некои републиканци го нарекоа неговиот план „социјалистичка контрола на цените“.

Би можело да ве интересира

Енергетски притисок кон Русија: Америка воведува 500 отсто царини на руска нафта и гас

Кларк: Дипломатијата е единствениот пат за решавање на прашањето за Гренланд

Голем пресврт во надворешната политика: САД излегуваат од 66 организации

Протестите во Иран под лупа: Трамп најавува „силен удар“ ако има жртви

Трамп тврди: Кубанската власт само што не падна

Трамп не му верува на Путин: Украина не ја нападна резиденцијата на Путин