Трамп: Голем ден во Иран, уништени се долго барани цели

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека американските сили извршиле успешни напади врз повеќе цели во Иран.

„Одличен ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот. Бог да ве благослови сите!“, напиша Трамп.

Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари, кога американските и израелските сили започнаа координирани напади врз иранската воена и нуклеарна инфраструктура. Конфликтот веднаш ескалираше откако во првичните напади загинаа голем број високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Потоа Иран возврати со лансирање ракети и беспилотни летала врз американски и сојузнички цели низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги базите во Кувајт и Саудиска Арабија, како и напади врз бродски линии во Ормутскиот теснец. Конфликтот влезе во својата петта недела, со континуирани напади од двете страни и растечки ризик од поширока регионална ескалација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници