Трамп: Израел се согласува со условите за прекин на огнот во Газа

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.

„Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи со потребните услови за постигнување 60-дневен ПРЕКИН НА ОГНОТ, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп на социјалните мрежи.

„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за да донесат мир, ќе го достават овој конечен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да биде подобро – ЌЕ биде САМО ПОЛОШО“, заклучи американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан

Израел го нападна Бејрут, загинаа најмалку седум лица

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО