Израел: „Моделот на Газа“ за Либан

Од:

Израелскиот министер за одбрана изјави дека ќе се воспостави тампон зона во јужен Либан и дека Израел ќе ја задржи безбедносната контрола врз дел од територијата, дури и по завршувањето на сегашната војна против вооружената група Хезболах.

Израел Кац изјави дека областа што треба да се окупира ќе се протега до реката Литани – околу 30 км од границата со Израел. Планот предизвика критики од ОН, европските земји и Канада – кои го нарекоа „кршење на територијалниот суверенитет“.

Кац изјави дека на повеќе од 600.000 раселени либански жители ќе им биде „целосно забрането“ да се вратат во областа сè додека не се гарантира безбедноста на жителите на северен Израел. Тој додаде дека сите куќи во либанските села во близина на израелската граница ќе бидат срушени, „по моделот на Рафа и Бејт Ханун во Газа“.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот