Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, лидерот на Хамас предупредува дека ова е крај на мировните преговори

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Ерусалим за главен град на Израел, истакнувајќи дека тоа е почетокот на новиот пристап кон конфликтот помеѓу Израел и Палестина.

Покрај тоа, Трамп најави дека САД ќе ја премести американската амбасада од Тел Авив во Израел, но дека тие и понатаму го поддржуваат решението за две држави.

Трамп доаде дека САД остануваат длабоко посветени на постигнувањето на мировен договор кој би бил прифатлив за двете страни. Според него, местото на претседателот на САД е на поиканов начин да гледа кон светските проблеми, а сите предизвици бараат нов пристап.

Досега неколку претседатели како предизборно ветување го имаа признавањето на Ерусалим за главен град на Израел, но никој тоа не го направил.

– Израел е суверена нација со права како и секоја друга да може да одлучи кој е нивен главен град. Прифаќањето на тоа е неопходно за постигнување на мир. Пред 70 години под Труман го признавме Израел. Во Ерусалим е седиштето на израелската влада, израелскиот парламент, како и на израелскиот Врховен суд, наведе Трамп.

Оваа одлука на Трамп беше поздравена како историска од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека Хамас истакнаа дека Трамп ги отворил вратите на пеколот.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија и палестинскиот претседател Махмуд Абас се договориле на оваа одлука да одговорат со протести.

– Оваа одлука е агресија против Палестинците, муслиманите и секој слободен човек на свеот, рече Ханија и предупреди дека никој не може да предивиди што ќе се случува во целиот регион во иднина.

Тој нагласи дека нема да има држава Израел на палестинска земја и дека Ерусалим ќе биде главен град на државата Палестина. Одлуката на САД ја оцени како официјален крај на преговорите за мир.

Предупредувања дека оваа одлука ќе има посериозни последици стигнуваат и од други политичари.

– Прогласувањето на Ерусалим за престолнина е непочитување на историјата и вистината во регионот. Тоа е гоалема, груба неправда, кратковидност и лудост и го турка регионот и светот во оган на кој не му се гледа крајот, напиша на Твитер потпретседателот на турската влада Бекир Боздаг.

Врз основа на планот на Обединетите нации од 1947 година предвидена е поделба на Палестина во три ентитети: еврејска и арапска држава, а Ерусалим да биде посебно тело, под специјален меѓународен режим.

Планот е прифатен од Израелците, но беше одбиен од арапските лидери. По завршувањето на мандтот на Велика Британија над Палестина, прогласена е државата Израел во мај 1949 година со западен Ерусалим како главен град, додека источен Ерусалим беше под контрола на Јордан.

Израел го освои источниот дел од градот во Шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше. Врз основа на закон од 1980 година Ерусалим стана вечен и неделив главен град на Израел.

Палестинската управа планира да го прогласи источен Ерусалим за главен град на својата идна држава, независна Палестина која би го опфаќала Западниот брег и појасот Газа.

Конгресот на САД во 1995 година усвои Акт за амбасада во Ерусалим која ја повикува својата влада ја премести амбасадата во главниот град на Израел. Законот е обврзувачки, но остава можност претседателите да ја одложуваат примената на по половина година. Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама систематски на секои шест месеци ја одлагаа одлуката.

Би можело да ве интересира

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски