Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку твитови „го нападна“ францускиот претседател Емануел Макрон поради „нефер“ трговските потези.
– Тоа мора да се промени, напиша Трамп, додавајќи оти Макрон има „низок рејтинг“ и поради тоа „свртува на други теми“.
Американскиот претседател се осврна и на предлогот на Макрон за создавање на европска војска со цел да се заштити Европа од Русија, од Кина и од САД.
– Макрон сугерира дека Европа треба да изгради сопствена армија за да го заштити континентот од САД, од Кина и од Русија. Меѓутоа, Германија беше таа против која се бореа во Првата и Втората светска војна. Како тоа функционираше за Франција? Французите во Париз мораа да учат германски јазик пред да пристигнат Американците. Плаќајте за НАТО или не!, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот претседатал повеќе пати повтори дека земјите членки на Алијансата не уплатуваат доволно во буџетот на НАТО, како и оти не е фер најмногу средства да издвојуваат САД.