Трамп го нападна Иран, најавен одговор

Од:

Американските сили погодија три ирански нуклеарни објекти во „исклучително успешен напад“, рече американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Фордоу, „скапоцениот камен во круната“ на нуклеарната програма на Техеран, е исчезнат. Нападот врз Иран беше извршен од американските невидливи бомбардери Б-2.

По неколкудневни размислувања, одлуката на Трамп да се придружи на воената кампања на Израел против Иран го интензивираше конфликтот.

Неколку часа по нападот, Трамп се обрати до нацијата. Според него, утрово американското бомбардирање целосно уништиле три ирански нуклеарни постројки, Натанц, Исфахан и Фордоу.

„Или ќе има мир или ќе има многу поголема трагедија за Иран од она што го видовме во изминатите осум дена“, рече Трамп во говорот во Белата куќа, нарекувајќи го Иран „насилник на Блискиот Исток“.

„Ако мирот не дојде брзо, ќе нападнеме други цели со прецизност, брзина и вештина“, додаде Трамп.

Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека „скандалозните“ американски напади ќе имаат „трајни последици“.

Би можело да ве интересира

Какви бомби користеа Американците за напад кај Ормутскиот тесенц

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од Либан: Зграда целосно се урна по израелски напад во центарот на Бејрут

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Погодена иранската нуклеарна централа

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави