Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Од:

Израелската војска го уби Мохамед Самир Вашах, новинар на катарската телевизиска станица Ал Џезира, во Газа. Тие издадоа соопштение во кое се вели дека Вашах не бил само новинар, туку член на Хамас кој дејствувал под маската на новинарството, објавува АП.

Според израелската војска, Вашах бил клучна фигура во седиштето на Хамас за производство на ракети и оружје. Тој бил вклучен и во производството и трансферот на оружје низ Газа.

„Терористот активно учествувал во планирањето напади врз израелски војници и претставувал конкретна закана за силите во областа. Убивме клучен терорист! Дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени