Трамп: Го мислев спротивното кога зборував за вмешаноста на Русија

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп, кој се соочува со многу критики за својот настап на самитот во Хелсинки со претседателот на Русија Владимир Путин изјави денеска дека погрешно се изразил кога рекол оти не гледа причина зошто Русија да се меша во претседателските избори во 2016 година.

Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека мислел да го каже спротивното – дека не гледа причина зошто Русија не би била одговорна.

Трамп додаде дека има целосна доверба во разузнавачките агенции на САД и дека ги поддржува и нагласи дека го прифаќа нивниот заклучок дека Русија се мешала во изборите.

Тој, сепак, рече дека руските акции немале влијание на исходот од гласањето и порача дека администрација „агресивно ќе работи” да ги заштити изборите за Конгресот во ноември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД ќе донираат милиони вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“

А1он

Националната гарда ќе и помага на полицијата на протестот во Вашингтон

А1он

Вашингтон подготвен за протести на приврзаници на Трамп

А1он

Путин: Треба да се работи со талибанската Влада на Авганистан

А1он

ВИДЕО: Нов проблем за Бајден, илјадници миграни чекаат под мост во Тексас

Избори во Русија, ќе се гласа три дена во 11 временски зони

Катерина Павлова-Николовска