Трамп e незадоволен од британскиот премиер Стармер

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го изрази своето незадоволство од начинот на кој британскиот премиер Кир Стармер се справи со разрешувањето на британскиот амбасадор во Вашингтон, Питер Манделсон.

Според „Политико“, американскиот лидер очекувал лично да биде информиран за разрешувањето на високиот дипломат од страна на шефот на британската влада. Одлуката за разрешување на Манделсон дојде во контекст на медиумските откритија за неговите наводни врски со финансиерот Џефри Епштајн, кој е обвинет за сексуална експлоатација на малолетници.

Извори велат дека Трамп бил особено иритиран од начинот на кој оставката била обработена во Лондон, изразувајќи загриженост за можното негативно влијание што скандалот би можел да го има врз неговата претстојна државна посета на Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Сето ова е огромна измама