Трамп со најава: Ќе разговарам со Путин и со Зеленски

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека во понеделник ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, како и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во понеделник, во 10:00 часот, ќе разговарам по телефон со претседателот на Русија, Владимир Путин. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ во кое просечно гинат повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно. Потоа ќе разговарам со претседателот на Украина, Зеленски“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа TruthSocial.

Трамп додаде дека по разговорите со рускиот и украинскиот претседател, ќе разговара и со „различни членки на НАТО“.

„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе има примирје и дека оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши. Бог да нè благослови сите“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Рама се држеше за главата додека го слушаше Зеленски

Трамп: Во најдобар интерес на Украина е да постигне договор со Русија

„Њујорк пост“: Русија веројатно ќе го отфрли новиот план за прекин на огнот од 19 точки

Трамп: Москва покажува подготвеност за отстапки, мировните преговори влегуваат во нова фаза

Политико: Зеленски се соочува со тежок избор – Планот на Трамп или нестабилни Европејци

Горан Наумовски

САД го прекинаа финансирањето на војната во Украина по наредба на Трамп