Трамп: Американското разузнавање е пасивно и наивно за Иран, да се вратат назад во училиште

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече „наивни“ разузнавачките служби во својата земја и им порача „да се вратат назад во училиште“.

Тој напиша шокантен твит, предизвикан од оценките на разузнавачките служби во врска со Иран, кои беа истакнати на вчерашната седница на сенатската комисија за разузнавање, на која учествуваа и директорите на Националната разузнавачка служба, ЦИА и ФБИ.

– Луѓето од разузнавањето се исклучително пасивни и наивни што се однесува до заканите кои доаѓаат од Иран. Тие грешат! Кога станав претседател, Иран создаваше проблеми на целиот Блиски Исток и надвор од него. Откако го прекинав ужасниот ирански договор, Техеран е многу поразличен, но продолжува да е извор на потенцијална опасност и конфликт, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на САД додава дека Иран „врши тестирања на ракети и други работи, и е блиску да ја премине границата. Нивната економија се урива и тое е единствено што ги воздржува. Внимавајте со Иран. Можеби разузнавањето треба да се врати повторно во училиште“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ