Трамп: Ако Германија не успее, на крајот Путин ќе ја спаси Грција

Од:

САД не треба да се мешаат во грчката финансиска криза, изјави милијардерот и кандидат за американски претседател Доналд Трамп во интервју за телевизискиот канал „Фокс бизнис“.

– Не би се мешал и премногу активно учествувал… На Германија би и препуштил да излезе на крај со проблемот. Ние имаме доволно свои проблеми, изјави Трамп, одговарајќи на прашање на водителката „што САД треба да преземат во врска со ситуацијата во Грција“.

Според него, САД не треба да заборават дека „цела ситуација со еврото“ е создадена за да може да им се конкурира на САД.

– Германија ќе се погрижи за тоа. Искрено зборувајќи, Владимир Путин веројатно ќе се приклучи и ќе ја спаси ситуацијата (во Грција), доколку Германија не успее во тоа. Така што мислам дека Грција ќе биде во подобра ситуација отколку што луѓето претпоставуваат, наведе претседателскиот кандидат и додаде дека САД не можат да се мешаат во секој проблем.

Вкупниот долг на Грција, според податоците на грчкото Министерство за финансии од 1 април 2015 година, изнесуваше 312,7 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Тарифата за Македонија очигледно е грешка, очекувам да се корегира, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Која е логиката за воведување царини на островите на кои има само пингвини

Катерина Ѓуровски

„Трамп се обидува да изеде цел слон во еден залак“

Катерина Ѓуровски

Трамп воведе највисоки царини за една од најсиромашните земји во светот

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз