Траги од нервнопаралитични гасови откриени на местото на експлозиите во Тјенцин

Од:

Траги од нервнопаралитични гасови се откриени на местото на експлозиите, што пред една недела го потресоа северниот кинески град Тјенцин, информира денеска кинеската државна телевизија, цитирана од ТАСС.

Експертите ваквите гасови  ги откриле при анализа на мострите од воздухот, земени на 16 август од местото на експлозиите. Станува збор за „два вида токсични гасови – натриум цијанид и нервнопаралитичен гас“ со висока концентрација во воздухот, изјави за кинеската телевизија Ли Ксинхуа, заменик началник на пожарникарите во Пекинг.

Бао Цинлин, шеф на групата експерти од локалната управа за заштита на животната средина, денеска на прес конференција изјави дека прашањето треба да им се упати на надлежните во армијата.

– Не ја меревме соoдржината на нервнопаралитичниот гас, обично за тоа е одговорно Министерството за одбрана. Освен тоа, не знаеме за каков материјал станува збор. Нашата мобилна лабораторија веднаш може да распознае по неколку десетици органски материјали. Ние не откривме нови загадувачи, рече Бао.

Тој подвлече дека при прегледите на настрадани лица во експлозиите не биле регистрирани случаи на труење.

Според податоци на кинеското Министерство за јавна безбедност, на местото на експлозиите се чувале околу 3.000 тони опасни материјали, вклучувајќи и 700 тони натриев цијанид, 800 тони амонијак нитрат и 500 тони калиум нитрат.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија