Трагедија во Германија: Жена е убиена на улица, убиецот избега

Од:

Жена (43) е брутално убиена утрово на сред улица во Бранденбург, Германија, а убиецот е во бегство.

Според медиумските извештаи, несреќната жена била пред познат ресторан кога, околу 10 часот утрово, непознато лице ѝ нанело смртоносни повреди, најверојатно со нож.

По крвавиот напад, осомничениот избегал од местото на настанот.

Ресторанот не бил отворен во времето на нападот и во овој момент не е јасно дали убиената жена била вработена во ресторанот или минувач.

По добивањето на пријавата, полицијата излегла на местото на настанот, а веднаш пристигнале и екипи на брза помош. За жал, жената не можела да се спаси. Таа била прогласена за мртва во болница.

Полицијата попладнево објави дека бара „осомничен“, без да прецизира дали станува збор за маж или жена.

Портпаролот на полицијата одби да открие повеќе детали за случајот за да не ја загрози истрагата.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он