Трагедија во Атлантскиот Океан: 140 луѓе се удавија кај брегот на Сенегал

Од:

Најмалку 140 мигранти и бегалци се удавија близу брегот на Сенегал во најсмртоносниот бродолом регистриран оваа година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Бродот упатен кон Канарските Острови, на кој имало 200 луѓе, се запалил и се превртел во саботата, неколку часа откако го напуштил рибарскиот град Мбур, 100 километри јужно од главниот град Дакар, соопшти ИОМ.

Сенегалската и шпанската морнарица, заедно со локалните рибари, спасиле околу 60 лица, но најмалку 140 се удавиле, се вели во соопштението на ИОМ.

Опасниот морски премин од Западна Африка до Канарските острови некогаш беше главната рута за луѓето кои сакаа да избегаат од сиромаштијата. Откако Шпанија ги засили патролите во средината на 2000-тите, трасата привлекува помалку мигранти, но оваа година повторно стана актуелна.

Би можело да ве интересира

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски