Товарен воз излета од шините во Австрија

Од:

Обилните дождови предизвикаа голем број одрони на земјиште низ цела Австрија, особено во провинцијата Тирол, каде товарен воз кој пренесувал камиони во текот на ноќта поради одрон на земјиштето излета од шините.

Откако машиновозачот не успеал навремено да го запре возот и удрил во мешавината од земја и камења на шините, предниот дел од возот излетал од шините, поради што привремено е запрен сообраќајот на железничката пруга „Бренерштреке“.

Австриската железница во неделата поради поплавите и одроните го прекина меѓународниот сообраќај кон Северна и Западна Европа.

Во поплавите и поројните дождови во Австрија едно лице загина, а три се водат за исчезнати.
Водостојот на Дунав изутринава кај Киншток изнесувал 9,59 метри и постојано се зголемува.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски