Во редовите на Исламска држава можеби има и до 300 шведски државјани, за државното радио изјави началникот на шведското разузнавање, Андерс Торнберг.
Како што пренесуваат француските меидуми, Торнберг посочи дека досега има 100 потврдени случаи и уште многу претпоставени или непроверени, со што нивниот вкупен број достига до 250-300 лица.
Според него, бројот на кандидати за џихад кои заминуваат за Сирија многу брзо расте.
-Во тренинг камповите во оваа земја младите Швеѓани се обучуваат да станат
терористи, да употребуваат експлозиви и оружје, рече Торнберг.
“Кога се враќаат во Шведска тие веќе се подготвени за извршување терористички напади и затоа се цел на засилено набљудување“, дополни тој.