Торнадото, што во петокот мина над Оклахома, имаше рекорден дијаметар од 4,2 километри

Од:

Смртоносното торнадо, што минатиот викенд се развиори над државата Оклахома, имаше рекорден дијаметар од 4,2 километри, пренесе ДПА.

Националната метеоролошка служба соопшти дека тоа било со интензитет Ф-5 , што е највисокиот степен достигнат од една бура според скалата на Фуџита, со ветрови со бризина од над 320 километри на час.

Првичната оценка беше за степен Ф-3, посочува ДПА.

Во некои виори на торнадото бризината на ветровите достигнала 480 километри на час. Торнадото мина по земјен појас со должина од 26 километри и го однесе животот на најмалку 14 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, две се деца

Катерина Ѓуровски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи