Претседателот на регионалниот Парламент во Каталонија, Рожер Торент изјави дека државата Шпанија би била соучесник во злосторство, доколку се покаже дека била запознаена со наводното прислушувањето на неговиот телефон.
Тој додаде дека наводното прислушување укажува на тоа дека е можно во Шпанија да се случува шпионажа на политичките противници.
Торент најави дека ќе преземе политички и правни мерки за да ги провери наводите за прислушување.
Претходно, Владата на Мадрид соопшти дека „не е запознаена“ со каква било шпионажа од таков вид.