Претседателот на каталонскиот Парламент, Рожер Торент го предложи Карлес Пуџдемон за регионален лидер, кој ќе треба да состави нова влада на Каталонија.
Торент ја објави кандидатурата по консултации со каталонските политички сили.
Се очекува во Парламентот да има дебати околу предлогот, а потоа да се гласа, што може да се случи кон крајот на овој месец.