Торборн Јагланд реизбран за генерален секретар на Советот на Европа

Од:

Досегашниот генерален секретар на Советот на Европа Торборн Јагланд денеска е реизбран на оваа функција, јави дописникот на МИА од Стразбур.

При тајното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за Норвежанецот Јагланд се изјаснија 156 пратеници од 46 земји-членки на оваа паневеропска орагнизација, а неговата против-кандидатка, Германката Сабине Лојтојсер-Шнаренбергер доби 93 гласа.

На седницата не присуствува руските пратеници, чие право на глас е суспендирано поради украинската криза.

Кандидатурата за втор мандат на Јагланд резултираше со серија напади врз на него и неговата работа на чело на најстарата паневропска организација.

Некои поранешни членови на ПССЕ со писмо до актуелните партеници во Собранието, побараа од нив да не гласаат за Јагланд, бидејќи тој, спорд нив, многу повеќе се грижел „за Комитетот на Нобеловата награда за мир со кој претседава, отколку за Советот на Европа“.

Шеесет и тригодишниот Јагланд е 13-ти по ред генерален секретар на Советот на Европа. Тој е поранешен премиер и министер за надвоешни работи на Норвешка, како и екс лидер на Норвешката работничка партија.

Мандатот на генералниот секеретар на Советот на Европа трае пет години.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески