Тора: Осудителна пресуда за каталонските политичари ќе ги засили тенденциите за независност

Од:

Претседателот на каталонската Влада, Ким Тора, изјави дека осудителната пресуда за каталонските политичари, на кои им се суди за организирање на референдумот за независност на Каталонија, може дополнително да ја засили желбата за отцепување од Шпанија.

Пресудата на Врховниот суд на Шпанија наскоро треба да биде објавена, најверојатно уште во октомври, пренесе Хина.

Обвинетите се соочуваат со казни од седум до 25 години затвор откако беа обвинети за бунт против Шпанија, непослушност и користење јавни пари за организирање на референдумот, што беше забранет од шпанскиот Уставен суд.

Тора, исто така, порача дека одбива да прифати осудителни пресуди, напоменувајќи дека обвинетите немаа праведно судење.

-Доколку ги осудат нашите колеги, задолжително ќе делуваме, рече Тора и истакна дека регионалната Влада ќе одговори со програма чија цел повторно ќе биде независноста, која ќе биде во центарот на политичката акција.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски