Тони Абот: Напаѓачот во Сиднеј заслепен со екстремизам и ментално нестабилен

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот по завршувањето на 16-часовната заложничка криза во Сиднеј, изјави дека во изминатото деноноќие градот бол протресен од трагедија која никој не можел да ја замисли.

Во првата изјава за медиумите, Абот го опиша напаѓачот Ман Харон Монис како „заслепен од екстремизам и ментално нестабилна личност“ а целиит случај во сиднејското кафуле „Линд“ го оквалификува како „страшен инцидент“.

Според австралискиот премиер, станува збир за лекција која Австралија ќе треба да ја научи, по нејзиното прво соочување со тероризмот.

– Сето ова покажа дека и земја каква што е Австралија-слободна, отворена и великодушна, е ранлива на политички мотивирано насилство, рече премиерот Абот, порачувајќи дека земјата е подготвена да одговори на ваквото насилство.

Две лица меѓу заложниците, како и напаѓачот, иранскиот имигрант Ман Харон Монис, беа убиени при операцијата на австралиските командоси за спасување на луѓето кои 16 часови беа држени во заложништво.

Австралиските медиуми објавија дека во операцијата загинале менаџерот на кафулето, Тори Џонсон (34) и Кетрин Доусин (38), која била една од гостите на кафулето. Засега не се знае дали тие загинале од истрелите на напаѓачот Монис или се случајни жртви при пукотниците при упадот на командосите.

Повредени се четири други лица, од кои три жени и еден полицаец, но ниту еден од нив повреди што го загрозуваат животот.

Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Ендрју Скипионе изјави дека во кафулето имало 17 заложници, вклучувајќи ги и оние кои побегнаа додека се уште траеше заложничката криза. Тој го опиша инцидентот во „Линд“ како изолиран случај.

Aвстралија Сиднеј полиција

Комесарот Скипионе рече дека командосите од Кралскиот австралиски полк интервенирале дури откако напаѓачот почнал да пука.

Полицијата побара од медиумите да не се шпекулира околу тоа што се случувало во кафулето, при интервенцијата на специјалните сили, нагласувајќи дека ќе имало повеќе жртви доколку не се интервенирало.

Заложничката криза започна во вчера наутро во 9:45 часот по локално време (недела во 23:45 по средноевропско), а заврши следниот ден во 2:50 локлано време (вчера во 16:50 часот по средноевропско време). Непосредно пред да упаднат командосите, од кафулето побегнаа уште неколкумина заложници.

Швајцарската фабрика за чоколади „Линд“, која е сопственик на кафулето во Сиднеј, во посебно соопштение изрази шокираност од инцидентот и длабоко жалење за смрта на невините луѓе кои дошле да купуваат или да се напијат кафе.

Муслиманската заедница во Австралија, која брои околу половина милион луѓе, се огради од инцидентот и го осуди нападот и земањето заложници.

Монис добил политички азил во Австралија уште во 1996 година. Тој самиот се прогласил за шеик и за верски лидер, а оние кои го познаваат велат дека бил склон кон насилство. Во време на нападот во сиднејското кафуле, тој беше условно ослободен од притвор, обвинет за помагање при убиството на неговата поранешна сопруга, како и за сексулано насилство.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча