Европската унија успева успешно да се справи со миграциската криза, по договорот со Турција, а во рамки на истиот, Европската комисија денеска на Турците им даде нова помош од 600 милиони евра за справување со повеќе од два ипол милиони бегалци, што оваа европска земја ги има на сопствената територија. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, днееска го потврди заменик-претседателот на Еврокомисијата, Франс Тимерманс, на заедничка прес-конференција со еврокомесарот за миграциски прашања и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос.
Тимерманс денеска информираше за постигнатиот напредок на релокацијата на мигрантите во рамки на Европската унија и шемата за преселување и спроведувањето на билансот на договорот ЕУ-Турција. Во исто време, Брисел ги истакна потребните чекори што се уште е потребно да се преземат од страна на Грција во поглед на иднината на продолжување на трансферите според договорот од Даблин од другите земји-членки, а исто така известено е и за контролата на привремени гранични премини што се вршат на внатрешните граници на Шенген-зоната, според препораките на Европскиот совет од 12 мај 2016 година.
Потпретседателот на Еврокомисијата, Тимерманс, денеска истакна дека имплементацијата на договорот ЕУ-Турција продолжува, како и намалувањето на бројките на бегалци во нивните обидите да го преминат Егејското Море. Тоа, според заменикот на Јункер ја потврди својата основна причина на овој договор и тој ги поздрави напорите на ЕУ-земјите да ги зголемат бројките на релокација и преселување.
– Но, она што може да стори повеќе и тоа под итно е да спроведеме ефикасно управување со мерките за азил и миграцијата во Европа, како и зачувување на Шенген-зоната, ако сите ние работиме заедно во духот на солидарноста и одговорноста – истакна Тимерманс.
Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, пак, истакна дека сите мерки за миграција на ЕУ се поврзани договорот со Турција и дека истиот довел до конкретни позитивни резултати и зголемени напори направени од страна на земјите-членки во текот на изминатите месеци, кога само во септември е направена релокација на 1.200 бегалци.
– Тоа покажува дека релокацијата може да се забрза доколку постои политичка волја и чувство на одговорност. Успехот е во нашиот заеднички пристап во текот на последните месеци, а тоа е од суштинско значење за успехот на сè друго, вклучувајќи постепено враќање на Даблин-системот и нормално функционирање на Шенген-зоната. Релокацијата мора да успее, порача Аврамопулос.
Во исто време, Европската комисија денеска потпиша два директни грантови во вредност од 600 милиони евра за поддршка на сириските бегалци и заедниците-домаќини во Турција во областа на образованието и здравството. Со оваа сума, од март оваа година, Унијата мобилизира над две милијарди евра од вкупниот буџет од три милијарди евра за помош во справувањето со бегалската криза на Турција.