Тимерманс: ЕУ е под закана од нетолерантност и екстремизам

Од:

Заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс предупреди дека во Европската унија се зголемуваат нетолерантноста и екстремизмот против евреите, муслиманите, хомосексуалците и жените.

– Забележано е зајакнувањето на антисемитизмот, исламофобијата и хомофобијата, изјави Тимерманс на средбата на европските пратеници во Рига, главниот град на Летонија, која е актуелен претседавач на ЕУ.

– Има луѓе, кои го оспоруваат местото на жените во европското општество. Тоа е недозволиво. Треба да ја ставивме правната држава во центарот на дебатите, бидејќи доколку го немаме тоа немаме ништо истакна заменикот на Жан Клод Јункер.

– Доколку евреите во оваа Европа не можат да се чувствуваат како дома, со Европа е завршено. Доколку евреите сметаат дека нивната иднина не е во Европа, Европа нема иднина и тоа исто така важи и за муслиманите и другите малцинства. Доколку хомосексуалците сметаат дека треба да ја кријат својата хомосексуална ориентација, немаме никаква иднина за Европа, рече Тимерманс.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија