Тилерсон: Русија да избере на која страна ќе биде во сирискиот конфликт

Од:

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека Русија треба да избере меѓу тоа дали ќе застане на страната на САД и нивните истомисленици или ќе ги поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, Иран и вооружената група Хезболах.

– Не е јасно дали Русија не ја сфатила сериозно својата одговорност за Сирија или е некомпетентна, но оваа разлика не е од значење за мртвите, изјави Тилерсон.

За неодамнешниот хемиски напад во Сирија, тој рече: Не можеме да дозволиме тоа да се случи повторно. – САД не гледаат идна улога за Асад во Сирија, но не коментираат како тој ќе се повлече, додаде тој.

Тилерсон, кој вечерва пристигнува во посета на Москва, изјави дека Русија може да игра улога во иднината на Сирија, но ставањето на страната на Асад не им служи на нивните долгорочни интереси.

– За сите нас е јасно дека управувањето на Асад е при крај. Прашање е како ќе настапи овој крај и како ќе се одвива транзицијата, која може да е многу важна за стабилноста во една обединета Сирија. Се надеваме дека руската влада ќе дојде до заклучок дека застанала на страната на недоверлив партнер, како што е Башар Асад , рече Тилерсон.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија