Тилерсон со предупредување до Африканците: Внимателно со кинеските кредити

Од:

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ги предупреди денеска африканските земји да бидат внимателни со кредитите кои ги дава Кина, појаснувајќи дека Вашингтон не се обидува да ги одврати кинеските инвестиции од африканскиот континент.

– Ние, на ниту еден начин, не се обидуваме да го спречиме влезот на кинеските долари во Африка. Важно е африканските земји внимателно да ги разгледаат условите на тие договори и поради нив да не го изгубат сопствениот суверенитет, изјави Тилерсон на прес-конференција во Адис Абеба, главниот град на Етиопија.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вчера замина на турнеја по африкански земји, а приоритет во разговорите со неговите домаќини се борбата против тероризмот и унапредувањето на врските со африканските нации.

Тилерсон за време на турнејата, која ќе трае до 13 март, ќе се сретне со лидерите на Чад, Џибути, Етиопија, Кенија и Нигерија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас