Тилерсон: Дипломатски додека не падне првата бомба

Од:

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон денеска за Си-Ен-Ен изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп дал инструкции да продолжат дипломатските напори за смирување на тензиите со Северна Кореја, наведувајќи оти „дипломатските напори ќе продолжат додека не падне првата бомба“.

Со тоа Тилерсон ја намалува тежината на пораката што шефот на Белата куќа ја објави на Твитер за тоа дека првиот човек на Стејт департментот губи време преговарајќи со „малиот ракеташ“ (Little Rocker Man), погрден термин што Трамп го смисли за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Јасно ми стави на знаење да продолжам со дипломатските напори, посочи Тилерсон за Трамп.

Вербалната војна меѓу лидерите на САД и на Северна Кореја почна откако Пјонгјанг изврши серија нуклеарни проби и истрела две балистички ракети над територијата на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас