Тигар уби фармер на индонезискиот остров Суматра

Од:

Тигар од заштитен вид во изумирање уби земјоделец на индонезискиот остров Суматра, изјави службеник на националниот парк.

Службеникот изјави дека фармерот бил убиен додека работел на плантажа за каучук во близина на паркот во кој се наоѓал тигарот. Деформираното тело на земјоделецот е пронајдено на околу еден километар од плантажата.

Преплашениет фармери побарале од властите да го убијат тигарот, иако е заштитен со закон. Локалните власти, сепак, планираат да го нахранат и преместат на друго место.

Тигарот е виновен и за напади врз уште пет лица, фармер и четворица работници на плантажа, кои се пренсени во болница.

Во Индонезија живеат околу 400 суматриски тигри, кои се работ од исчезнување поради уништување на шумите и судирите со луѓето. Според Светскиот фонд за дивиот свет нивниот број е намален на околу 400 од вкупно 1.000 во текот на 70-тите години.

Според извештајо  од 2009 година на индонезиското Министерство за шумарство, најголема закана за суматриските тигри се луѓето. Од 1998 година наваму во просек секоја година се убиваат од пет до 10 суматриски тигри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Голем број загинати, раселени и исчезнати на островот Суматра

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски