Тестирањето на вакцината против коронавирус во Русија во финална фаза – нуди имунитет без несакани дејства, тврдат лекарите

Од:

Руското министерство за здравство започна тестирање на вакцина која треба да се бори против смртоносниот коронавирус уште од средината на јуни во соработка со академската фела. Од повеќемесечното испитување беше потврдено дека доброволците кои веќе ја примиле вакцината развиле имунитет на вирусот и се во добра здравствена состојба.

Клиничките испитувања сега се во последната фаза, јавија руските медиуми.

Во соопштение од министерството стои дека волонтерите од првата и втората група кои го добиле лекот развиле „соодветен имунолошки одговор“ на вирусот.

Засега не се забележани несакани реакции од првата и втората група на волонтери кои се охрабрија да бидат вакцинирани, а тие до средината на јули ќе примат уште една вакцина која е позната под името „забрзувачка вакцина“. Вториот вид на вакцината има функција да го зајакне имунолошкиот систем и да обезбеди долготрајна заштита на човечкиот организам.

Руските власти велат дека ваквиот тип на имунизација нема да биде задолжителен за граѓаните.

Министер за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, објави во јавноста дека испитувањето на вакцините треба да заврши до крајот на јули. Доколку се заврши успешно, се планира вакцината да се регистрира во август и веднаш да биде ставена во оптек.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски