Критичниот референдум дали Шкотска треба да биде независна држава ќе се одржи на 18 септември. Новите анкети покажуваат извесен пресврт во јавното мислење кои кажуваат дека одеднаш независноста се повеќе се оправдува. Еве некои тест белешки што треба да ги знаете за Шкотска, освен она за килтовите, дроб сармите и за чудовиштето од Лох нес.
Основно
Гласачите во Шкотска ќе се соочат само со едно едноставно прашање кое треба да го одговорат со Да или НЕ. Дали Шкотска треба да биде независна држава?
Потребно е просто мнозинство за да се обезбеди победа.
Ако се изгласа ДА, тогаш британскиот парламент треба да донесе закон со кој ќе се започне процес на исклучување на Шкотска за таа да стане независен ентитет. Шкотскиот премиер Алекс Салмонд рече дека очекува овој комплексен чекор да биде завршен до март 2016 година, пред почеток на изборите во Обединетото кралство.
Во меѓувреме, ако се изгласа НЕ, тоа нема да донесе правни промени. Како и да е, масовно се очекува шкотскиот парламент вака и онака да добие поголема моќ.
Избирачките места ќе бидат отворени од 7 утрината до 10 вечерта по локално време.
Изборната комисија очекува висока излезност од околу 80 проценти – што е отприлика 3,4 милиони луѓе. На секој кој живее и е регистриран да гласа во Шкотска, ќе му биде дозволено да гласа – меѓу кои се и оние на возраст меѓу 16 и 17 години. Краен рок за регистрација на гласачите беше 2 септември.
Мајкл Саундерс, економист во Ситигруп, ја нарекува трката „статистички мртва трка“.
Големите прашања
Домашната валута: Дали британската фунта ќе остане валута во Шкотска? (Фунтата падна на најниско ниво во последните десет месеци заради извештаите од последните анкети). Салмонд вели да, но другите три главни политички партии во Лондон ја одбија оваа можност, тврдејќи дека тоа ќе ги изложи британските даночни обврзници на финансиски ризик.
Членство во ЕУ: За Шкотска да се врати во Европската Унија ќе треба едногласност од сите 28 земји членки во блокот, од кои некои веќе се загрижени дека со тоа ќе го поддржат сепаратизмот во рамките на нивните граници. Поранешен комесар во ЕУ вели дека на Шкотска ќе и биде потребна државна централна банка за да размислува за членство во унијата.
Пари од нафта: 80 проценти од резервите на нафта на Обединетото кралство се наоѓаат во поморските граници на Шкотска, но како ќе се поделат резервите, ќе биде цел на преговори (плус станува се поскапо да се произведува нафта и гас во Севреното Море).
Епидемија: Иан Бремер од организацијата Еуроазија, преупредува дека ќе дојде до домино ефект за слични настани во Европа (на пример, во Каталонија во Шпанија).
Раководството во Обединетото кралство: Ако Шкотска одлучи да ја прекине унијата стара над 300 години, тоа ќе биде голем притисок за британскиот премиер Дејвид Камерон да си даде оставка. Сепак тој ја отфрла таквата можност.
Познати Шкотланѓани кои се „За“ независност на Шкотска
Шон Конери
Проклејмерс (поп-рок бенд)
Познати Шкотланѓани кои се „Против“ независноста на Шкотска
ЈК. Роулинг (авторка на Хари Потер, која донирала еден милион фунти за кампањата “против“)
Алекс Фергусон (поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, кој донирал 501 фунта)
Дејвид Куикшанк (претседател на Делојт, кој донирал 10,000 фунти)
Сузан Бојл (пејачка позната од Икс фактор)
Што следува?
Уште не е се завршено. Трите главни политички партии во Обединетото кралство во средата седнаа да постават рокови за тоа кога Шкотска ќе добие нови бенефиции ако гласачите одлучат да останат во унијата.
Но сето ова сега ги загрижува аналитичарите: Дали Северна Ирска е следна?
Фокс – Њујорк