Тереза Меј мора да покаже дека може да излезе од лошиот договор за Брегзит

Од:

Дејли телеграф – Лондон

Испадот од минатата недела на вечерата во Даунинг стрит на разговорот за идните преговори за Брегзит продолжуваат да се чувствуваат, а противниците на Тереза Меј користат извештаи на германски весници за она што наводно било кажано на прашањето дали таа е на нивото на задачата. Медиумските куќи и други кои предвидуваа акатсрофа ако Британија изгласа да ја напушти унијата, безуспешно меѓусебно се тркаа да го прикажат ова како почеток на хаосот, кој тие го предвидоа. Бидејќи сите предвидувања за хаос досега не успеаја да се материјализираат, тогаш на крајот се покажаа како доказ за нивната проникливост.

Нивната подготвеност да искористат самопромовирање и еднострана позиција на работната вечера наведува желба да се види неуспехот на процесот Брегзит со цел да се докаже поентата. Покрај тоа, постојат знаци на намерни обиди да се влијае врз британските општи избори, што ќе му даде на кој било непристрасен набљудувач пауза да размисли.

Иако главниот ЕУ учесник на „бројот 10“ беше Жан-Клод Јункер, претседателот на Комисијата, ставот кај владата е дека Германците ги наметнуваат овие ставови од внатрешни политички причини. Г-ѓа Меј ги отфрли извештаите како „озборувања од Брисел“, но јасно е дека во нив сепак постои елемент на вистина.

Како и да е, ова е само почеток на она кое сите проценуваат дека ќе биде тежок материјал за преговарање. Ако е ова криза, тогаш почекајте што следно ќе се случи. Првиот судир ќе биде околу „сметката“ за напуштањето, а ЕУ панично ќе го подигне гласот во текот на преговорите со барањето Обединетото Кралство однапред да плати за тоа. Меј треба тука да остане смирена и да одбие – да биде „проклето тешка жена“, како што таа рече.

Официјалната позиција на Велика Британија е дека ќе се бара согласност, но разногласијата од минатите неколку дена покажуваат дека е мудро да се биде подготвен за неуспех. Големата грешка која ја направи Дејвид Камерон кога се обиде повторно да преговара за позицијата на Британија, беше дека сите знаеја дека тој не е подготвен да се повлече од преговорачка маса затоа што тој сметаше дека ќе победи. Ова значи дека ЕУ, а посебно Ангела Меркел, беа сигурни дека нема потреба да му помогнат.

Истото недоразбирање повторно се појавува. Во Европа се уште постои уверувањето дека Брегзит нема вистински да се случи, или дека Британија треба да земе она што и се нуди. Меј рече дека никаков договор е подобра солуција отколку лош договор, па така таа сега треба да се подготви за излегување од ЕУ без постигнување таков. Напуштањето на партнерите од ЕУ без каков било сомнеж дека сме сериозни за тоа, е најдобриот начин да се добие добар договор.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он