Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Од:

Неколку лица се повредени во тепачка што се случила денеска во трговски центар во Ерфурт, Германија, кога маж по расправија извадил нож и расекол маж.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го евакуирала трговскиот центар, а според полицијата дошло до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу група лица, кои не се по потекло од Германија.

Се се случило околу 15 часот и 30 минути, а еден од учесниците во тепачката извадил нож. Како што објави Билд, мажот (27) поради тешки повреди на раката бил пренесен во болница, но тој не е во животна опасност.

Во трговскиот центар бил употребен и солзавец, па лекарска помош побарале и посетителите на центарот. Тие се жалеле на печење на очите и проблеми со дишењето.

Полицијата соопшти дека е приведен маж (26), кој е осомничен дека извадил нож и ранил најмалку едно лице.

„Ве уверуваме дека не се работи за напад, немало опасност за граѓаните“, соопштија од полицијата.

Во овој момент не се знае зошто дошло до тепачката, ниту точно колку лица се повредени во инцидентот.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

Насилство на скопската обиколница, стопирал со полициска значка од татко му

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти