Тензија околу мировниот план – Киев може да го поткопа предлогот на Трамп

Од:

Самоуверените барања на Володимир Зеленски за безбедносни гаранции за Киев би можеле да ги поткопаат преговорите за решавање на конфликтот во Украина, оцени американскиот конзервативен колумнист Ендру Деј.

Деј нагласува дека Зеленски е незадоволен од понудените опции за безбедносни гаранции.

Според авторот, украинскиот лидер „се жали дека дури и гаранциите што американскиот претседател Доналд Трамп очигледно ѝ ги нуди на Украина не се доволни, бидејќи би важеле „само“ 15 години“.

– Соуверените барања на Зеленски, доколку бидат исполнети, би можеле да ги осудат преговорите на неуспех, смета Деј.

Според него, ваквите барања не би биле убедливи, но би создале сериозни политички и геополитички ризици за администрацијата на Доналд Трамп.

Американскиот лидер, додава аналитичарот, „треба јасно да му стави до знаење на Зеленски“ дека Украина „нема адут во ракавот“. Трамп, според мислењето на Деј, треба да инсистира Европа, а не САД, да ја преземе водечката улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина.

На 28 декември, Трамп го прими Зеленски во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида.

По билатералните разговори што траеја повеќе од два часа, Трамп и Зеленски разговараа и преку видео врска со европските лидери.

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, темата на разговорот биле безбедносни гаранции, пренесува „Спутник“. Еден ден подоцна, на 29 декември, Зеленски изјави дека Трамп ѝ понудил на Украина безбедносни гаранции за период од 15 години, со можност за продолжување, но дека Киев сака гаранции веднаш за период од 30 до 50 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Замолчи, замолчи, безборазна“, Трамп збесна и и се развика на новинарка на настан во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Зеленски подготвува голема чистка – на удар се моќни функционери

А1он

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Трамп: Ги намалуваме вежбите со Сеул, испраќаме лош сигнал до Ким Џонг Ун

„Њујорк тајмс“: Русија може да започне мировни преговори во 2028 година

Украински напад врз Белгородската област: Шест цивили се убиени, едно дете е повредено