Температурен рекорд во Турција, измерен речиси 50 степени

Од:

Во вторникот беше поставен нов температурен рекорд во историјата на Турција – термометрите покажаа 49,5 степени во провинцијата Ескишехир западно од Анкара, објави министерот за животна средина Мехмет Озасеки.

„Според податоците на Министерството за животна средина, урбан развој и климатски промени, на 15 август е забележан нов температурен рекорд во историјата на Турција: 49,5 степени во селото Саричакаја, провинција Ескишехир“, напиша Мехмет Озасеки на социјалната мрежа X (Твитер).

Претходниот рекорд, 49,1 степени, беше во провинцијата Ширнак во југоисточниот дел на земјата во јули 2021 година.

Експертот по метеорологија проф. Орхан Сен претходно изјави дека во Централна Анадолија, Централно Егејско и Југоисточна Анадолија горештините ќе траат до недела.

Во регионот Мармарас, вклучувајќи го и Истанбул, температурата е во нормални граници – околу 28-30 степени, но со влажност од најмалку 80 проценти.

Би можело да ве интересира

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Сончево и топло, со умерена локална облачност

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски