Телото на Албанка која исчезна пред девет години пронајдено во кутија во ѕид: Марко го призна делото откако уби друга жена

Од:

Шпанската национална полиција го пронајде телото на Сибора Гагани, млада жена со албанско потекло и италијанска државјанка, која исчезна во јужна Шпанија во 2014 година.

Нејзините останки биле пронајдени во дрвена кутија меѓу два ѕида во станот што го делела со Марко Р.(45), Италијанец со кој била во врска во моментот на нејзиното исчезнување.

Марко Р. е осомничен дека наводно убил друга жена, идентификувана само како Пола, во истиот град, популарното туристичко место Торемолинос, на 27 мај годинава. Тој побегнал од местото на настанот, но полицијата го привела. Тој подоцна спонтано го признал претходното злосторство откако видел фотографија од млада жена на постер за исчезнати лица во станицата.

-Тој рече дека користел киселина за да го уништи телото, а потоа го сокрил меѓу два ѕида – се вели во соопштението на властите.

Припадници на Националната единица извршија увид во станот во кој живееле заедно сопружниците во 2014 година. Со помош на систем за рендген, полицајците откриле дрвена гајба скриена меѓу два ѕида.

По извршениот увид, внатре биле пронајдени човечки останки и пренесени во Институтот за обдукција и идентификација.

Иако се уште се чекаат резултатите од ДНК тестот, се верува дека станува збор за исчезнатата Албанка. Самиот Марко Р, откако беше уапсен за избодување на друга жена, призна дека пред речиси 10 години ја убил Гагани и го сокрил нејзиното тело во ѕид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски