Телевизиска дебата меѓу осумте кандидати за претседател на Иран

Од:

Осумте кандидати за претседтаел на Иран денеска ќе имаат телевизиско соочување на кое се очекува да доминираат ставови за економијата.

Техеран е под санкции од ОН заради нуклеарната програма и поради тоа, намалениот извоз на нафта предизвика жестока економска криза со официјална инфлација над 30 отсто и драстично опаѓање на странските инвестиции.

Седуммина конзервативци меѓукои и неколку блиски на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, двајца умерени и еден единствен реформист добија решенија да се кандидираат за гласањето на 14 јуни.

Досега тие не дадоа конкретни предлози за излез од кризата. Али Акбар Велајати поранешен министер за надворешни работи вети дека ќе се справи со инфлацијата за 100 дена. Мохамед багер Галибаф актуелен градоначалник на Техеран сака да ја врати економската стабилност за две години. Саид Џалили одговорен за преговорите за нуклеарната програма и еден од фаворитите заради блискоста со Хамнеи, сака да создаде „економија на отпорот“.

Сите се единствени дека Иран има право да развива нуклеарна програма за цивилни потреби, но се разликуваат по тактиката за преговори со светските сили од групата 5 плус 1 со цел намалување на ефектот од санкциите.

Во 2009 година телевизијата организираше за првпат соочување меѓу четворицата тогашни кандидати. Дебатите беа бурни особено меѓу Махмуд Ахмадинеџад кој се кандидираше за втор мандат и двајцата реформатори Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби. Тие двајца сега се во домашен притвор.

Кампањата останува ограничена во медиумите откако властите забранија митинзи. Во големите градови нема ниту еден плакат или порака по ѕидовите на згради. Кандидатите се откажале и од митинзи во провинција. Право на глас имаат речиси 50,5 милиони гласачи.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел